тавниот суд на денешната седница, меѓу другото, ќе расправа по иницијативите поднесени на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија, бр.08-1108/1 од 2 мај 2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр.53/2017), донесена од Собранието на Република Македонија.
Подносители на иницијативите, како што информираат од Уставниот суд, се Тодор Петров од Скопје, претседател на Светски Македонски Конгрес, Васко Лазески од Кичево, Богдан Илиевски и Борис Дамовски од Скопје и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе.
Во една од иницијативите е наведено дека оспорената Одлука е потпишана од неовластено лице во својство на заменик-претседавач на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.
Подносителот смета дека оспорената одлука за избор на претседател на Собранието на Република Македонија не е во согласност со членот 63 став 1 од Уставот поради тоа што Одлуката не била донесена на седница на Собранието на која требало да претседава претседателот на Собранието од претходниот состав кој ја свикува конститутивната седница на Собранието не подоцна од 20 дена по одржаните избори на 11 и 25 декември 2016 година.
извор/фото: агенции