Денеска нови 318 случаи со Ковид-19, 13 починати

Во последните 24 часа се направени 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи со КОВИД-19, седум луѓе се починати и 468 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените најголем дел се од Скопје. Од вкупниот број на позитивни 43 се реинфекции. Регистрирани се 468 оздравени пациенти.

Од седумте починати тројца се од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1).

 

МЗ