Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, 48 пациенти се оздравени, а нема ниту еден пријавен смртен случај.
Како што информираат од Министерството за здравство од вкупниот број новозаразени 60 се во Скопје, седум во Битола, Охрид – четири, Неготино – три, Тетово, Кавадарци и Кочани – по два, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по еден.
Од оздравените 34 се од Скопје, Битола – девет, Ресен – два, Охрид, Куманово и Прилеп – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.