Денеска само во Скопје се казнети седум правни субјекти поради непочитување на владини мерки

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки.

– Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата.

Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“.

извор: МИА