Денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе биде во интервал од 27 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.