Денес е Задушница – ден посветен на сеќавање и молитва за покојните

Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница, ден посветен на сеќавање и молитва за покојните.

Оваа задушница секогаш паѓа во сабота пред Месопусната недела, во пресрет на Велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата има одредено посебни денови во годината – задушници, кога верниците се собираат за заедничка молитва за душите на починатите. Саботата е ден што традиционално се смета за време за помен и молитва за упокоените.

На овој ден, во црквите се одржуваат литургии и парастоси, а верниците ги посетуваат гробиштата за да се помолат и да остават пченица, леб и вино во знак на помен. Исто така, според традицијата, на Задушница се дели милостина на сиромашните во име на починатите, со желба за мир на нивните души.