По десет месеци судење и околу триесетина рочишта, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје стартува финалната фаза од процесот за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски — случај што предизвика длабока колективна болка и остави неизбришлив белег во македонското општество.
Завршните зборови ќе ги изнесат јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска, кои во својата аргументација ќе ги анализираат и толкуваат сите прибрани вербални и материјални докази против обвинетите:
Љупчо Палевски–Палчо, поранешен претседател на „Десна“
Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, негови сопартијци
На нив им се суди за две грабнувања и две тешки убиства, извршени на свиреп начин, за кои се предвидува доживотен затвор.
Посебен дел од завршниот збор ќе биде посветен на улогата на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој е обвинет дека ѝ помагал во грабнувањето на својата ќерка.
4news.mk