Денес на пладне сенароден протест пред Собранието

За денеска точно напладне е закажан нов протест пред Собранието.

Од „Ултиматум, не благодарам“ ги повикуваат граѓаните мирно и достоинствено да излезат на сенародниот протест против, како што велат, понижувачкиот предлог за Македонија.

-Масовно да излеземе и да кажеме НЕ за предлогот кој се прифаќаат сите бугарски услови. Власта е должна да го слуша гласот на народот кој е против ваков ултиматум со кој се бугаризираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Да излеземе и достоинствено да кажеме „Ултиматум – Не благодарам“, велат од „Ултиматум, не благодарам“.

Инаку, денеска во 13:30 часот пред пратениците во Собранието ќе се најде францускиот предлог, а седницата беше закажана откако Владата до Парламентот испрати дел од документите поврзани со предлогот.

 

kurir.mk