Денес Поглаварот на МПЦ г.г Стефан полни 70 години

Дедо Стефан е роден на 01.05.1955 година во битолското село Добрушево во семејството Велјановци. Неговото световно име е Велјановски Стојан.
Целиот свој живот го вградил во црквата македонска.
Високо образован, решен да го посвети животот служејки на Бога и народот тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван за Митрополит Струмички, а кратко потоа именуван за митрополит на Брегалничката епархија.
Во Охрид од 9-10 октомври 1999 година на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.
Цели 25 години е на чело на МПЦ – ОА му посакуваме уште долго и правилно да раководи со словото на Божјата вистина!
По повод неговиот роденден изработивме илустрација на која е прикажан Архиепископот со многуброен верен народ пред еден од најголемите храмови во Скопје посветен на сесловенскиот и македонски учител и светител Климент Охридски.
На многаја лета дедо Владика!