Денес погребан Панче Жежовски во Велес

Велешанецот Панче Жежовски кој беше убиен во случајот поврзан и со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, е погребан денеска на гробиштата „Раштани“ во Велес

Погребот се одржал во 13,30 часот, а последна почит му оддале роднини, пријатели, познаници.

Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24-ти ноември откако два дена го немало. Неговото тело беше пронајдено на 3-ти декември, во околината на Велес.

Автомобилот на 74-годишниот Жежовски, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на Ѓорчевска а подоцна запален во скопското село Бразда. За убиствата на Панче и Вања осомничени се пет лица.

 

vesnik.com