Денес попладне и навечер локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Можно е силно невреме

Под влијание на циклон од запад  и од северозапад, денес во попладневните  и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде  и крупен.

Апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Секако во случај на силен ветер  и на појава на крупен град автмобилите да се заштитат.

И во делови од Скопскиот регион денес попладне  и навечер ќе има услову за нестабилност  и за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk