Денес попладне повторно нестабилно со пороен дожд и грмежи со засилен ветар

Почитувани, денес во попладневните часови повторно ни следува дестабилизирање на атмосферата, но во споредба со вчера кога нестабилно беше во западените предели, денес нестабилноста ќе ја има на повеќе места во Македонија.

Апелираме во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

-пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk