Во Основниот суд во Тетово денеска треба со почеток во 10 часот треба да се одржи рочиште во судскиот процес за пожарот во тетовската модуларната болница. Судењето требаше да почне на 6 септември, но беше презакажано за денеска, откако судијата Јордан Велковски го одложи почетокот на процесот поради отсуство на двајца од тројцата обвинети.
Од обвинетите на првото рочиште присутен беше тогашниот директорот на Клиничка болница Тетово, Фљорин Бесими, додека отсутни беа економскиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски.
nezavisen.mk