Во вторник, 8 ноември, ќе можете да видите спектакуларна глетка на небото – целосно затемнување на Месечината.
Затемнувањето ќе биде видливо во северна и источна Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, над Тихиот и Атлантскиот Океан, над Индискиот Океан и над Антарктикот, се вели на страницата Time and Date.
NBC News известува дека следното затемнување, познато како крвава месечина, нема да биде до 13-14 март 2025 година (во зависност од тоа каде сте).
Затемнувањето на небесните тела се случуваат кога еден објект затскрива друг.
tv21.tv