Дете тешко повредено додека изведувало предизвик на „Тик-ток“ во Бања Лука

Во полицијата во Бања Лука било пријавено дека едно дете е тешко повредено по предизвик кој се проширил на социјалната мрежа „Тик-ток“. Според медиумите, станува збор за „Супермен предизвик“ во кој две деца го фрлаат третото дете во воздух.

Полицијата соопшти дека тешко повреденото дете во Бања Лука не е во животна опасност. Во исто време, вниманието беше свртено кон родителите/старателите да се грижат што гледаат нивните деца на „Тик-ток“.

Медиумите потсетуваат дека „Супермен предизвикот“ е забележан и кај децата во Србија, а она што е спорно во врска со него е начинот на кој се изведува и ризикот од сериозни последици што може да ги предизвика, што често доведува до скршеници на зглобовите.

Посебната опасност со овој „предизвик“ е всушност тоа што ако две лица, кои се задолжени да го прифатат третиот, не го сторат тоа во вистински момент, можат да го пуштата да падне на подот, па и самите креатори на оваа содржина предупредија дека учеството во оваа активност може да доведе до сериозно повредување на еден од актерите.

извор: opserver.mk