Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок.
Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека ставот е претходно познат – за укинување е рано да се размислува поради малиот процент на целосно вакцинирано население.
– Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка, рече Мехмедовиќ.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати.