Деца се напиле дезентал во игротека во Аеродром, Скопје

МВР информира дека синоќа во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

fokus.mk