Дејан Георгиевски е во финале на Турција опен Г2 во таеквондо

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи информираше дека нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски е во финалето на еден од најсилните турнири во светот Турција опен Г2.

„Три фуриозни победи на Дејан над ререзентативци на Турција, Казакстан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Имајулзада Нихат. Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во Светот. Сребро и сериозни поени од Г2 се обезбедени за следните олимписки игри, одиме на злато !“, напиша Костовски.

 

 

skopjeinfo.mk