Дидие Дешамп денес објави дека нема да продолжи како селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година, известува Анадолу.
Педесет и шестгодишниот Дешамп во интервјуто за ТВ ТФ1 изјави дека ќе замине кога ќе му истече договорот во летото 2026 година.
„Овде сум од 2012 година, планирано е да бидам тука до 2026 година, следното Светско првенство. Тука сѐ ќе заврши бидејќи во еден момент мора да заврши“, изјави Дешамп.
Тој истакна дека направил сѐ со желба и страст да го задржи францускиот тим на највисоко ниво.
Дешамп на тренерската позиција дојде по Лорен Блан и ја предводеше Франција во победата на Светското првенство во 2018 година, а стигна и до финалето на Светското првенство во 2022 година и на Европското првенство во 2016 година.
„Не сум тука поради евиденција“, рече Дешамп и додаде дека најважно е француската репрезентација да остане на врвот каде што е долги години.
Европа ќе прати 16 репрезентации на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде што првпат ќе настапат рекордни 48 национални селекции.
Дешамп не даде повеќе детали за својата иднина по Светското првенство.
„Постои живот потоа. Не знам што ќе биде“, додаде тој.