Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот останува иста

Од вечерва на полноќ дизелот поскапува за два денари, и ќе се продава 92 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕРОТ 95 и ЕУРОСУПЕРОТ 98 останува иста, односно 88,5 и 91 денар.

Непроменета останува и цената на мазутот 52,8 денари, а се зголемува цената на екстралесното масло од 86,5 на 88,5 денари по литар.

 

фото: Архива