Вчера, во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по преземени оперативни мерки и активности, на подрачјето на Центар лишен е од слобода Д. Г. (21) од Скопје.
При претрес извршен со судска наредба во помошни простории од зграда, кои ги користел, биле пронајдени и одземени дигитална вага и пакување со марихуана.
Лицето, како што соопшти полицијата, е приведено во полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Република Македонија денеска го одбележува 11 Октомври, почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. На 11 Октомври 1941 борците од…