Најмалку три пратенички се повредени, една од нив сериозно, во хаотичните сцени на седница на српскиот парламент, на која беа фрлени димни бомби и солзавец.
Пратениците требаше да гласаат за закон со кој се предвидуваше зголемување на средствата за универзитетите, но опозициските партии инстистираа дека седницата е нелегална, и дека најпрво мора да се расправа за оставката на премиерот Милош Вучевиќ и неговата влада.
Хаосот ескалираше околу еден час по почетокот на седницата, откако опозициските пратеници започнаа да свират во свирчиња и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Србијастанува за режимот да падне“.
Видео снимките од седницата покажуваат судир меѓу пратениците, а потоа и фрлање на факели и димни бомби. Медиумите јавуваат дека биле фрлани и јајца и шишиња.
Парламентарната спикерка Ана Брнабиќ ја обвини опозицијата дека е „терористичка банда“ и тврди дека една од повредените пратенички е во критична состојба.
Вучевиќ поднесе оставка во јануари по повеќемесечните протести поради уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.
DW