Директорот на Центарот за култура во Штип Филип Стевановски е загинат во трагедијата на кочанската дискотека

На петмина се искачи бројот на починати Штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за култура Штип, Филип Стевановски, во синоќешната огнена катаклизма во кочанската дискотека Пулс.

Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште.

Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура Штип.

Филип Стевановски е магистер по џез и директор на штипскиот Фестивал за детски песнички „Весело Штурче“, познат е кај штипската и македонската музичка публика како истакнат во својата продуцентска и композиторска дејност.

 

skopjeinfo.mk