Директорот на штипскиот Дом на култура , Филип Стевановски ќе биде погребан утре на гробиштата во Штип

Директорот на Центарот за култура Штип, Филип Стевановски, кој смртно настрада во пожарот во кочанската дискотека ќе биде погребан утре во Штип.

– Почитувани роднини, пријатели, колеги и сите Вие кои го познавате Филип Стевановски. Со голема тага, болка и жал Ве известуваме дека посмртните останки на нашиот сопруг, најмил татичко, син, брат, зет, другар, мила звезда наша ќе бидат изложени на 20.03.2025 година (четврток) од 09 до 11часот во црквата Света Богородица во Ново Село, а погребот ќе се изврши во 11 И 30 часот на градските гробишта во Штип, известија од неговото семејство.

– Нашиот еден и единствен, нашата инспирациија, љубов и непроценливо богатство, однесе со себе и дел од нас. Вечна љубов до тебе Филе. Ни остави длабока празнина во нашите срца и души, голема болка што те загубивме, неизмерна тага и непребол. Но таму каде што замина во небесното царство: организирај, свири, компонирај, смеј се на ангелите… Душа наша, љубов единствена, прерано не напушти. Секогаш носеше позитивна енергија, имаше надареност и талент со кој работеше и твореше, имаше огромна енергија, знаење и љубов кон онаа што го создаваше, секогаш помагаше на секој човек дури и тие што не ги познаваше, секогаш беше насмеан, харизматичен и расположен за музика, дружење, настапи, организации и се онаа што те исполнуваше. Остави многу дела позади себе а можеше да оставиш уште многу. Секогаш ќе бидеш инспирација за нас и за сите оние кои го следат твоето дело. Господи прими го чедото Филип во Твоето царство небесно, прими го нашиот Филе, стои во објавата на семејството.

 

 

skopjeinfo.mk