Директорот Јанев на планинарски марш со колегите од СВР Битола: Чекориме заедно за тимски дух и служба на народот

Во насока на промовирање на здрави навики, јакнење на тимскиот дух и меѓусебните односи денеска СВР Битола организира планинарски марш за вработените на кој присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев.
„Ова не беше само марш, туку порака дека полицаецот не е само униформа, туку човек кој сака да биде подобар за себе, за тимот, за граѓаните. Нашата мисија продолжува и тоа е порака дека вложуваме во себе за подобро да им служиме на другите. Градиме полиција која не само што реагира, туку и инспирира, полиција која е дел од народот и со народот.
Секој чекор носеше чувство на заедништво, искрен разговор и размена на мисли. Пред сè, ние сме луѓе – татковци, мајки, синови, ќерки, пријатели – дел од општество кое сакаме да го направиме побезбедно и подобро.“, потенцираше директорот Јанев.
Директорот Јанев се заблагодари на сите колеги и колешки, сите полициски службеници кои денеска се одлучија да вложат во себе и да дадат пример и инспирација на заедницата.
Рутата која денес ја одеа битолските полициски службеници беше патеката до „Палиснопје“ или хотел Молика – Инфо Центар – Палиснопје – Копанки – Хотел Молика.