Украинската манекенка Јана Орфева, како што пишуваат странските медиуми, е љубовница на саудиски принц и поради тоа секојдневно на нејзината сметка легнува огромна сума на пари. И во текот на нивната двегодишна врска тој ѝ ја исполнува секоја желба.
Освен што поради „титулата љубовница“ секојдневно добива по околу 5.000 евра, саудискиот мултимилионер често ѝ подарува луксузни патувања и скапи автомобили.
Понекогаш патува сама, а се чини дека многу повеќе и се допаѓа кога ѝ се придружува принцот, бидејќи е опсипана со разни „знаци на внимание“! Додека на социјалните мрежи споделува многу работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што според странските медиуми е ситница за принц.
Над 177.000 луѓе ја следат Јана на Инстаграм, а тој број секојдневно се зголемува. Таа знае често да се фали со својата витка линија, но и со модните изданија.
Според извештаите, оваа убавица со парите купила луксузни станови во Киев и Москва, а нејзините пријатели ја опишуваат како „добра и убава“, но „разгалена“.
maskimagazin.faktor.com