Доаѓа екстремно топол бран од идната седмица во Македонија , температури над 40 степени

Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре па за време на викендот, во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, што значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните  и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 степени.

Од овој екстремно топол бран најпогодена ќе биде соседна Грција каде температурите локално ќе надминат дури и 45 степени.

За време на овој топол бран времето ќе биде сончево со мала локална облачност и суво насекаде низ Македонија. Повремено ќе засилува ветер од југозападен правец и истиот ќе биде многу топол, најавува во својот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk