Една од жртвите на трагичниот пожар во Кочани беше фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, а неговиот клуб направи голем гест со тоа што реши неговиот договор во целост ќе биде исплатен кон неговото семејство.
Исто така Шкупи го следеше потегот на Тиквеш и се одлучи и тие да го повлечат дресот со број „77“ кој во клубот од Чаир го носеше Лазаров.
„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, објави Шкупи.
skopjeinfo.mk