Судот на Босна и Херцеговина го осуди Милорад Додик на една година затвор и му изрече забрана за извршување на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.
Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на Република Србија, Милош Лукиќ, кој е ослободен од обвиненијата, беа обвинети за непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.
Пресудата е првостепена и може да се обжали.
Обраќајќи се по изрекувањето на пресудата, Милорад Доодик рече дека е „осуден на една година нивен затвор“: „Велат дека сум виновен. Нема причина за загриженост“, изјави Додик на митингот за поддршка пред зградата на Народното собрание на Република Српска.
DW