Документ од 1946 година за отворање на училиште на македонски јазик во Крчиште

Оригинален документ за отворање на училиште на македонски јазик во пограниичното село Горно Крчишта, округ Пешкопеја, е еден од многуте документи за постоењето на Македонците во овој дел на Албанија, што го објавува Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“ -Тирана. 

Според него во докуменотот со датум од 11 февруари 1946 година стои дека министертвото за образование дозволува настава на македонски јазик, по барање на жителите од ова село, што е „силен доказ дека  во овој дел на земјата живеат единствено Македонци“.  

Народна Република Албанија

Министерство за образование

Смрт на фашизмот Слобода на народот

Протокол бр. 92/13 Тирана, 11.02.1946 година

Предмет: Отворање на училиште на македонски јазик во Крчиште бр. 316 од 28.01.1946 година

Комитетот во округот Пешкопеја, секција за образование. Земено е предвид барањето на селаните од село Горно Крчиште за отворање на училиште на македонски јазик. Во училиштето ќе се учи само на македонски до трето одделение, а во погорните класови ќе се држат и три часови албански јазик . Училиштето ќе функционира според законите во Албанија.

Министер за образование

Проф. Кoстаќ Ципо

Извор: Drejtoria e Përgjitshme e Arkivave во Тирана, Република Албанија.

Селата Горно и Долно Крчишта, Ербеле и уште неколку села припаѓаат на областа  Долно Поле, понасевер од Голо Брдо, округ Пешкопеја, кои порано биле населени само со Македонци и учеле на македонски. Голем бил бројот на Македонците што живееле и во градот Пешкопеја.

 

 

vesnik-ilinden.com