Националниот парк „Долината на смртта“ во Соединетите Американски Држави (САД) е најниската, најсушната и локација со највисоки температури во земјата.
Долината е басен кој се наоѓа под нивото на морето, кој поради постојаната суша и рекордните летни горештини ја прават земја на екстреми, објави Агенција Анадолија.
Според Гинисовата книга на рекорди, „Долината на смртта“ сè уште го држи рекордот за највисоки температури забележани на Земјата.
Официјалната највисока регистрирана температура е 56,7 степени Целзиусови, измерена на 10 јули 1913 година на ранчот Гренланд.
Во текот на изминатите 17 години, најмалку десетина луѓе, меѓу кои и туристи, починаа во „Долината на смртта“, како резултат на високите температури, а многу други беа близу смртта.
извор:Агенција Анадолија.
фото:Агенција Анадолија.