Во долгото изведување на докази од страна на обвинителката Елизабета Јосифивска таа изнесе неколку докази поврзани со бегството на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо во Турција каде наводно заминал на операција.
Обвинителката тврди дека домаќинот и водач на Палевски, извесен Хусеин му резервирал авионска карта за Минск, Белорусија.
Исто така обвинителката тврди дека кога Палевски бил екстрадиран за Македонија со себе имал големо количесто на опрема, хард дидкови, неколку УСб и слушалки.
На 1.12 2023 година Палевски имал комуникација со извесен Драган во која му вели дека планира да стигне во Москва.