Дојавите за подметнати бомби утринава пристигнаа во Клиничко-болничкиот центар „Звездара“ и во Военомедицинаската академија, белградската зоолошка градина и неколку објекти во Нови Сад.
Полицијата во Нови Сад евакуирала и забранила влез на повеќе локации поради дојави за бомби. Евакуирани се Спенс, Техничкиот факултет, институтите во Сремска Каменица, Железничката станица, Филозофскиот факултет и Меркатор.
Утринава, како што јавува Данас, на адресите на медиумите и надлежните служби пристигнале мејлови од „Мизантропска субверзивна група“ за бомби поставени во Нови Сад, а во тек се полициски проверки.
На терен се и екипите во Белград и се ќе се провери, велат од МУП за ФоНет.
Во последните денови имаше информации за поставени експлозивни направи во училиштата во Белград, но и на други места во Србија.
фото:Архива