Дојче банк се согласи да плати 75 милиони долари на жртвите на сексуалниот престапник Џефри Епштајн, објавија американските медиуми, пренесува Анадолу.
Во тужбата се наведува дека Дојче банк знаела за мрежата на малолетни девојчиња на Епштајн и ја овозможила трговијата со бело робје.
Германската банка управуваше со парите на Епштајн до јуни 2019 година и плати казна од 150 милиони долари на регулаторите од Њујорк во 2020 година.
По слични обвиненија е обвинета и американската банка ЏП Морган Чејс.
Епштајн се самоуби во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година додека го чекаше судењето за трговија со цел сексуално искористување.
Милијардерот претходно беше обвинуван за сексуално малтретирање и злоупотреба на малолетници, како и за наведување на проституција.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.