Протокот на гас низ гасоводот Северен тек 1 падна на нула, стои на веб страницата на управата со гасоводот, објави Дојче Веле.
Најавена е контрола на гасоводот, но во Германија постојат стравувања дека Русија потоа веќе нема да ја отвори славината.
На гасоводот Северен тек 1 во наредните десет дена би требало да се вршат контроли на системот и во тој период нема да се користи за транспорт на гас.
Според најавата, ќе се проверуваат безбедносните системи, напојувањето со струја, заштитата од пожари и вентилите за затворање и изолација, треба да се апдејтира и компјутерскиот софтвер.
Во Германија и западна Европа постојат стравувања дека рускиот концерн Гаспром можеби по истекот на рокот за контрола на гасоводот веќе нема да ја отвори славината за гас.
Гаспром во јуни значително го намали количеството на гас кој минува низ гасоводот со образложение дека има технички проблеми. Германската влада смета дека за намалувањето на протокот на гас има политички мотиви, пишува Дојче Веле.
извор: Дојче Веле.
фото: Архива