До крајот на овој викенд сончево и невообичаено топло за март!

До крајот на овој викенд останува стабилното, суво и натпросечно топло време во нашата Република Македонија. Ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Сето ова е поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ кон нашата Македонија  и целиот регион.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, додека во Скопје  и околината таа ќе се искачи до близу или околу 25 степени.

Да напоменам дека овие температури кои ги имаме викендов се повисоки од просечните за овој период од годината, и тоа за 8 па се до 10 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk