Драматичен пад на рубљата, редици пред банкоматите

Во банките и пред банкоматите во Русија има огромни редици, бидејќи граѓаните брзаат да ги повлечат заштедите пред тие да им бидат замрзнати или целосно да ја изгубат својата вредност.

Русија денеска забрани изнесување на странски валути во износ повисок од 10.000 долари (околу 9000 евра) по лице.

Руските граѓани се обидуваат да стигнат до странски валути, иако некои чекаат со денови без успех.