Драма на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал затоа што птици влегле во моторот

Авион бил принуден да се врати на аеродромот во Приштина поради птици кои влегле во моторот на авионот.

Авионот требаше да лета на релација Приштина-Хамбург вчера. Патниците доживеале страшен и опасен момент, пренесе КосоваПрес.

Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, изјавил за агенцијата дека заминале за Хамбург во 08:40 часот, но по 30 минути нешто тргнало наопаку.

„Бевме некаде над планините во Албанија, авионот почна да се тресе, мислев дека ќе паднеме и многу го стегнав појасот. По 30-минутно патување се вративме на аеродромот во Приштина“, рече патникот.

Причината биле две птици кои влегле во моторот на авионот.