Државното правобранителство бара кривично да одговараат некогашните обвинители на СЈО Артан Ајро и Гаврил Бубевски, како и екс – истражител во згаснатото СЈО, Арафат Муареми, кој е актуелен директор на Управата за финансиска полиција. Според Државното правобранителство, тие не побарале навремено да се замрзне имотот на фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан, кој беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор за случајот „Труст“. Имено, „Трансмет“ од ЕЛЕМ со лажни документи доби тендер за ископ на јаглен од 17,3 милиони евра, но државата тие пари не може да си ги врати. Но, обвинителите Ајро и Бубевски, како и Муареми, го демантираат Државното правобранителство и тврдат дека во предметот постапиле правилно.
Related Posts
Демолирани канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа – расфрлани столици, искршена брава
Демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, искршена е и украдена опрема, информираа од Инспекторатот. Инцидентот се случил…
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени четворица битолчани
На 02.11.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и…
Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6-годишна ќерка
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство…