Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто за „Република“ кое ќе го објавиме наскоро.
Каква иновација е печатач?
Бидејќи грантот беше да се купи опрема, не беше за иновации, туку да се купи опрема покриена од грант. Не го разбирам тоа 100 проценти затоа што мојот тим ја водеше апликацијата и бевме прифатени. Компании, млади компании се финансираат од Фондот за иновации за набавка на опрема. Ние купивме компјутери, го претставивме бизнис планот за што ќе ги користиме компјутерите, што ќе правиме со нив и тој бизнис план беше одобрен. Од 10 апликации добивме две. И, колку што јас се разбирам, имаше странски одбор кој одлучи да ни ги доделат овие средства- вели Ахмети во интервјуто за „Република.