Дрога пронајдена кај Лабиништани во Кичево

Marijuana buds with packed wood pipe for smoking the alternative herbal medicine.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишнo лице  од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријава заработи и35-годишното лице  од селото Лабунипшта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозоможување на употреба на наркотични дроги“.

– На 14-ти декември 2022 година, на улицата „4 јули“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило марка „фиат пунто“, кое го управувал едното лице, при што во возилото и кај сопатникот била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.