ДУИ е подготвена да оди во опозиција, ако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ.
„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, објави Османи на Фејсбук.
Неговата изјава следи по денешната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата Ковачевски му понуди на Мицкоски место во Владата ако ги поддржи уставните измени, на што опозицискиот лидер возврасти дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ.