Евакуирани граѓани од околината на Ерусалим, големите пожари излегоа од контрола

Неколку стотици граѓани беа евакуирани од околината на Ерусалим откако шумските пожари во областа излегоа од контрола и се движеа кон населбите. Израел побара меѓународна помош за да го ограничи огнениот елемент, кој троши се што ќе му се најде на патот.

Министерот за надворешни работи Гидеон Сар побарал помош од своите колеги од Кипар, Хрватска, Италија и Грција за да помогнат во гаснењето на пожарот, соопштија од неговиот кабинет. Засега не е познато дали добил одговор.

Масивните пожари започнаа во ридовите Јудеа, во близина на шумите Ештаол и Латруна, и брзо се проширија на повеќе локации, вклучувајќи ги Неве Шалом, Месилат Сион, Нахшон, Таоз и Беко’а. Пожарот се засили поради високите температури и силниот ветер, што доведе до евакуација на бројни заедници и затворање на главниот автопат меѓу Ерусалим и Тел Авив.

Над 110 противпожарни единици, поддржани од 10 противпожарни авиони, хеликоптери и специјализирани возила беа распоредени за гаснење на пожарот. Во евакуацијата и гаснењето пожари помагаат и израелските одбранбени сили (ИДФ) и противпожарните возила на воздухопловните сили.

 

 

4news.mk