Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби.
Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани, пишуваат босанските медиуми.
На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална.
фото: