Еврокомесарката Кос ја повика Србија да ги истражи инцидентите против демонстрантите

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги повика властите во Србија да ги истражат инцидентите против учесниците на протестите во земјата, кои веќе три месеци бараат одговорност за несреќата во Нови Сад, каде при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица.

„Има сведоштва за инцидентите против демонстрантите. Очекуваме целосна, непристрасна и брза истрага. Насилството не треба да се толерира. Очекуваме дека српската полиција ќе продолжи да ја обезбедува безбедноста на демонстрантите. Јазик кој поттикнува насилство и недостиг на меѓусебна почит, не може да биде решение“, наведе европската комесарка во своето отворено писмо кое го објави на веб страницата на Европската комисија.

Кос потврдува дека лично ги следи протестите во Србија, но и дека примила неколку писма од членови на српската академска заедница, политички претставници и организации во кои се изразува загриженост поради моменталната ситуација во земјата.

 

 

 

slobodnaveropa.mk