Европскиот парламент усвои Закон за регулирање на вештачката интелигенција

Европскиот парламент денес го усвои Законот за регулирање на вештачката интелигенција, јавува Анадолу.

Законот за вештачка интелигенција, по преговорите со земјите членки во декември 2023 година, беше усвоен од европратениците со 523 гласа „за“, 46 „против“ и 49 воздржани.

Регулативата „има цел да ги заштити основните права, демократијата, владеењето на правото и одржливоста на животната средина од високоризична вештачка интелигенција, истовремено поттикнувајќи ги иновативноста и етаблирањето на Европа како лидер во областа“, соопшти Европскиот парламент.

Тој, исто така, воспостави обврски во однос на вештачката интелигенција врз основа на можните ризици, вклучително и „ограничувања на употребата на биометриските системи за идентификација од страна на органите на прогонот“, како и „забрани за оценување на социјалните мрежи и вештачката интелигенција што се користи за манипулирање или искористување на ранливоста на корисниците“.

Системите за општа намена на вештачката интелигенција (GPAI) потребно е да исполнат одредени критериуми за транспарентност, а „вештачките или манипулираните слики, аудио или видеосодржините („deepfakes“) со користење вештачка интелигенција треба јасно да бидат означени како такви“, се вели во соопштението.

По официјалното одобрување од страна на Советот на ЕУ, законот ќе стапи на сила 20 дена по неговото објавување во Службениот весник „и ќе биде целосно применлив 24 месеци по неговото стапување на сила“, освен одредени клаузули, се додава.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.