Лебот во Македонија денес е многу поскап за разлика од пред пет години. Евростат регистира големо зголемување на цената на овој основен продукт. Според нив ова е трето најголемо поскапување на лебот во изминативе пет години или поскапувањето било за 65 отсто.
Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто. Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.
Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто.
skopjeinfo.mk