Еден месец по смртоносните поплави, Шпанија се обидува да се опорави од големиот степен на уништување

Напорите за опоравување продолжуваат во јужна Шпанија, еден месец по разорните поплави во кои загинаа 230 лица, јавува Анадолу.

Во Валенсија, регион најтешко погоден од поплавите на 29 октомври, оштетени беа над 100.000 имоти, 18 училишта со речиси 10.000 ученици и понатаму се затворени, а 4 лица сѐ уште се водат за исчезнати.

Локалните власти на Валенсија објавија дека од 11 ноември училиштата постепено се отвораат, а 38.186 ученици се враќаат во училниците. Сепак, некои родители одбиваат да ги испратат своите деца во училиштата во другите области, наведувајќи ја како причина сериозното оштетување на нивните училишта.

Шпанското Министерство за труд објави дека 27.765 работници поднеле барање за привремени бенефиции.

Вкупно 17.000 тони кал и оштетени предмети од домаќинствата се отстранети од улиците на поплавениот град во текот на изминатиот месец, а околу 90 камиони сè уште работат на расчистувањето.

Во најтешко погодените подрачја Паипорта, Утиел, Алкудија и Чива, калта сè уште ги покрива улиците, а оштетените возилата од поплавите сѐ уште се на улиците.

 

извор: Анадолија