Експлозија во луксузен станбен блок во Москва во понеделникот наутро убила едно лице, а четворица биле повредени, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на итната помош.
Повредените во експлозијата, чија причина не е откриена, се хоспитализирани во тешка состојба, јави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на московските здравствени власти.
Властите соопштија дека е отворена кривична истрага во врска со експлозијата, но не прецизираа за кои обвиненија.
Снимката објавена од главната руска истражна агенција, Истражниот комитет, покажува ходник од зградата со скршени стаклени врати и оштетени тавани.
slobodnaevropa.mk