Еден од најжешките холивудски актери Шемар Мур се пофали дека првпат станал татко на 52 години.
Неговата девојка Џезире Дизон вчера го роди девојчето Френки, а гордите родители радосната вест ја споделија на социјалните мрежи.
„Твојот дечко официјално е татко. Соништата се остваруваат. Остатокот од мојот живот пристигна“, напиша Шемар во објавата.
Инаку, Шемар е најпознат по улогата на Дерек Морган во криминалистичката серија „Криминални умови“. Минатата година читателите на Индекс го изгласаа за трет најзгоден ќелав маж на светот, зад Мелкиор Башиќ и Џејсон Статам.
index.hr